Почина познат телевизиски актер

Моделот и телевизиски актер, Сем Сарпонг почина во понеделникот во болница во Пасадена од последици од скок од мост во Јужна Калифорнија.

Од канцеларијата на судскиот вештак во Лос Анџелес велат дека случајот е под истрага како можно самоубиство, но официјалната причина за смртта ќе биде позната по токсиколошките резултати.

Полицијата од Пасадена соопшти дека мажот скокнал од мостот по седум часови разговор и наведувања да се симне.

Сарпонт (1975) имаше помали улоги во филмовии и серии како што се „Bones“ и „Boston Public“, а како модел работеше за Томи Хилфингер и други модни брендови.

 
 
29.10.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега