Викенд временска: Што ќе се случува со температурите?

Двата дена викенд кои што се пред нас ќе бидеат нешто посвежи во однос на работната недела која е речиси зад нас. Според Метеопро утрата ќе бидат постудени, особено неделното. Во сабота минималната температура во поголем дел од котлините ќе има вредност околу 3°С, а на југоисток околу 6°С. Пoвисоките места очекуваат студено саботно утро, со минимална температура околу 0°С.

Во недела наутро во котлините од северниот и западниот регион минималната температура ќе се спушти до околу 0°С, на повисоките места околу -3°С, додека во јужниот дел на повардарието температурата ќе се спушти до околу 3°С.

Дневниот максимум на температурата во сабота ќе има вредности околу 14°С низ котлините во северниот и источниот регион, околу 13°С во југозападниот крај и околу 16°С на југоисток.

Недела во однос на сабота ќе биде посвежа преку ден за околу 3°С во северниот регион и за околу 1°С во јужната половина од земјата.

Во однос на временските услови, во сабота се очекува претежно сончево време со мала облачност преку ден.
Во недела денот ќе биде претежно сончев. Ќе дува слаб североисточен ветер.

 
 
29.10.2015 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега