„Одлучив никогаш да не родам дете - наместо во семејство инвестирав во себе“

Исповед на една жена која одлучила животот да го посвети на кариерата наместо на семејството. 

- Имам 50 години и мојот живот не одеше по типичен тек. Не се омажив и не родив дете до сега, а нема ни од сега. 

Пред многу години одлучив дека мајчинството не е за мене. Се свртев кон кариерата. Направив се за да се обезбедам финасиски. 

Кога немаш деца, немаш ни додатни трошоци.

По многу години работа, можам да се пофалам дека бизнисот ми цвета. Живеам живот каков што одсекогаш сум сонувала. 

Да подлегнев на притисоците од околината и да родев дете, веројатно би полудела. За многу жени мајчинството е нормално и природно, но за мене не. 

Кога имав девет години, мајка ми еднаш ми рече: Би сакала еден ден да добиеш дете кое ќе биде исто како и ти па да видиш колку  е тешко да одгледаш дете како ти“. 

Меѓутоа, уште од тогаш знаев дека никогаш нема да станам мајка. Тоа и го реков и на мајка ми. Таа само се насмевна и ми рече дека моето мислење ќе го променам кога ќе пораснам. 

Но не го променив...

Во дваесетите години знаев со сигурност дека никогаш нема да родам дете. Една од причината е што имав впечаток дека никогаш нема да можам доволно да заработам за да се остварам како мајка. 

Така да бев преплашена од одговрноста која ја носи одгледувањето на детето. 

Меѓутоа, би лажела кога би рекла дека финасиите не ја одиграа последната рунда околу мојата одлука. Пораснав во скромно смејство која имала пари само за основни животни потреби. Секогаш некаде ќе зачкрипеше, едвај спојувавме крај со крај. 

Кога бев тинејџерка одлучив да работам некои ситни работи, па така дојдов до првите пари кои ги заработив со сопствените раце. 

Тоа многу ми се допадна. работев долго и напорно и од тој период до 28 години се остварив како бизнис жена. 

Имав сопствен бизнис кој во целост ме окупираше и ми претставуваше големо задоволство. Едноставно не можев да замислам животот да го посветам на нешто друго освен на таа работа. 

Понекогаш размислував и да родам дете, меѓутоа тоа никако не се вклопуваше со мојот луд распоред, излегувања и константните забави. 

Кога станува збор за емотивните партнери ги имав неколку. Во неколку наврати за малку ќе застанев на лудиот камен, но тоа едноставно не се случи. Сите мои партнери знаеа дека не сакам деца и беа сосема свесни за тоа. ,Меѓутоа годините поминуваа и едноставно не најдов личност за себе. 

Сега во своите 50-тина години работам за себе си да си обезбедам добра пензија која ќе ми овозможи луксуз до крајот на животот. 

А за децата што ги немам , можам слободно да кажам дека воопшто не се каам за мојата донесена одлука. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
28.10.2015 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега