Имате камен во бубрезите - исфрлете го на забавен начин

Ако барате интересен и забавен начин на некој сериозно да му ги решите здравствените проблеми и можеби спасите живот, не морате да одите далеку. Доволно ќе биде што почесто да водите љубов  со личност која има камен или песок во бубрег.

Се случува научниците некои денови навистина да немаат попаметна работа, па се занимаваат со помалку луди истражувања, се со цел да докажат дека нешто е возможно. Но, резултатите и нив самите умеат да ги изненадат. Најновата студија имала за цел да проучи дали со редовен секс лицата со камен во  бубрег може полесно да го исфрлат надвор.

Во фокусот на оваа студија  пред се биле песок, камењата и останати кристали  наталожени во долен дел на уретра (цевка која го поврзува бубрегот со бешиката).

Голем број на романтични двојки – волонтери (еден од партнерите имал проблем) поделени се во три групи.

На заболените за време на целото истражување експертите редовно им зимале урина за да го измерат присуството на кристали во неа.

Едните имале задача само да водат љубов три до четири пати неделно без било каква друга терапија.

Во другата група заболениот зимал тамсулосин, лек кој помага и овозможува полесно исфрлање на камен, а секс имале вообичаено (во просек еднаш или два пати неделно, а неретко и поретко)

Кај третата група, пациентот бил на стандардни лекови за разбивање на камен во бубрег, исто така со просечна количина на секс.

Како што се покажа дури 80 отсто учесници во истражувањето кои во периодот од три недели биле на чиста секс терапија успеале да исфрлат барем дел од проблематичните камења. Што е пак огромен успех во однос на другите две групи  кај кои успешноста била 35 отсто.

Значи ако имате камен или песок во бубрег, очекувајте дека докторите наместо лекови наскоро ќе ви препишат секс. А сосема е сигурно дека во оваа терапија речиси сите пациенти и тоа како ќе уживаат.

Извор: Курир

 
 
28.10.2015 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега