Откако синовите го избркале од дома, 10 години живеел во шума - штипјанецот низ солзи раскажува за својата голгота

60-годишниот Тоше Лазаров од Штип, 10 години живеел во шума блиску до градот. Прво починала жената, потоа фирмата каде работел пропаднала, а кога добил мозочен удар, од него се откажале и синиовите. Тоше откако  си заминал од дома бил приморан да живее во една напушетена куаќа во близина на Штип, пренесува ТВ Стар 

 Една деценија сум вака, без струја, без вода, без ништо. Некогаш по цела недела не сум јадел леб - кажа за ТВ Стар низ солзи Лазаров.

 Она што Лазаров го преживеал овие 10 години го знаат малкумина:

- Целиот е рани. Неколкупати го напаѓаа животни. Кога можев му помагав, му носев храна - рече Орце Николовски, пријател на Лазаров.

Од денес, за Лазаров почнувата подобри денови. Со интревенција на Црвениот крст и Општината, тој е сместен во соба во комплексот Света Недела:

- Му донесовме храна, лекарска помош, а ќе посредуваме и за негово натамошно лекување - рече Никола Камчев, Црвен Крст – Штип.

Наскоро Лазаров ќе добие и социјална заштита:

- Ги добивме податоците и истиот ќе биде внесен во системот на социјална заштита - вели Наталија Панова, директор на Центарот за Социјални работи – Штип.

Ова донекаде ќе ја ублажи физичката траума на Лазаров, но трагите на душата веројатно ќе болам цел живот. Отфрленоста и животот во дивина се нешто што тешко се преболува.Во комплексот Света Недела има десетина жители каде општината помага со храна и со плажање на сметките за струја и вода. Тенденција на општината и градоначалникот Илчо Захариев е комплетно да се уреди манастирскиот комплекс за да се обезеди повеќе место и за други луѓе кои имаат потреба од кров на глава, наведува „Старплус" на ТВ Стар.

 
 
28.10.2015 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега