Какви вести носат метеоролозите за утре?

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, само во западните делови значително облачно и со услови понекаде да се појави слаб краткотраен дожд. По одделни котлини, особено на југоисток ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Т-мин. од 0 до 10 а т-мин. 12 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно, наутро со услови за магла, а преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Во Скопје температурата во интервал од 3 степени наутро до максимална температура од 16 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува подолг период на стабилно и суво време. Утринските температури во следните денови полека ќе опаѓаат. До сабота наутро по одделни котлини и по речните долини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, кои преку денот ќе слабеат. За време на викендот ќе започне да дува североисточен ветер и оваа промена малку ќе ги покачи утринските температури и ќе ги намали условите за појава на утринска магла.

 

 
 
28.10.2015 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега