Научниците открија што гледаат луѓето пред смртта

Група на научници од колеџот Канисиус во Њујорк, потврдија дека најчесто луѓето пред смртта ги гледаат покојните пријатели или роднини, а некои гледаат верски фигури.

Научниците истражувањето го спроведиле врз 66 пациенти кои лежеле на смртна постела. Повеќето од нив секојдневно гледале покојни познаници или верски фигури. Нивната визија им доаѓала во сон.

„Визиите може да се појават месеци, недели, денови, па дури и часови пред смртта, а тие главно го ублажуваат стравот од смрт, односно потсвесно им помагаат на оние кои се борат за живот“, напишаа научниците.

 
 
28.10.2015 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега