Поучна приказна: Знаете ли што е потребно за да се отвори врата од челик, а не е убав збор?

Знаете ли што е потребно да се отвори врата од челик, а не е убав збор?

Решил некој цар, поради пополнување на местото на важена  функција на дворот, да ги тестира своите поданици. Веднаш се собрале сите мудреци и луѓе со повисоки положби, а царот им рече:

-Имам дилема и ме интересира кој од вас може да ми помогне да ја решам.

Потоа ги однеле до голема врата и им кажал:

-Ова е најголемата  и најтешката врата во моето царство. Може ли некој од вас да ја отвори?

Поголем број од присутните веднаш почнаа да ги нишаат главите во неверување. Помалиот дел кои ги сметаа за дворски мудреци , почнаа да ја загледуваат вратата, да ја допираат, но на крајот сите признаа дека не умеат да ја отворат.

Меѓутоа, од насобраните луѓе  исчекори еден човек, и пријде на вратата, почна да ја гледа, допира и бутка. Наеднаш, силно ја повлече и вратата се отвори! Вратата била подотворена, но не била заклучена. За отворање на подотворената врата беше потребна самодоверба тоа да се стори во присуство на царот.

Царот објави:

-Ти ќе ја добиеш положбата на дворот. Не се потпре само на тоа што го гледаш. Се осмели да го сториш  тоа што на прв поглед делуваше невозможно.

ТАКА Е И ВО НАШИТЕ ЖИВОТИ: Многу врати се веќе подотворени, но ние се плашиме до крај да ги отвориме.

 
 
27.10.2015 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега