Страшно: Убиецот со години праќал пораки од мобилен за семејството да не се посомнева дека се мртви

Австралијанката Карли Џаде Пеарс-Стивенсон и нејзината ќерка Кандалице Пеарс, исчезнале во 2008 година, но неодамна е откриено дека се убиени, откако полицијата ги пронајде коските на девојчето во куфер покрај автопат.

Иако последен пат се видени во 2008 година, семејството на исчезнатите ги пријавиле година дена подоцна. Мајката на Карли по неколку денови ја повлекла пријавата, бидејќи добила порака од нејзиниот телефон, во која пишувало дека се добри и дека се е во ред.

Инаку убијците на мајката и на ќерката со години испраќале пораки од мобилниот на Карли, за нејзиното семејство да не се посомнева дека е убиена, соопшти австралиската полиција. Тие ги користеле и банкарските сметки од каде подигнале вкупно 90.000 долари.

Телото на 20-годишната мајка е пронајдено во 2010 на автопатот, но не можеле да ја идентифукуваат жртвата.

Истрагата за убиствата е сеуште во тек.

 
 
27.10.2015 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега