Трајановски оствари средба со амбасадорот на Албанија во РМ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска оствари средба со новиот амбасадор на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река.

Трајановски на амбасадорот Река му пожела добредојде во Скопје и Република Македонија и изрази надеж дека ќе продолжи одличната соработка меѓу двете држави.

За време на средбата се дискутираше за досегашната соработка меѓу единиците на локалната самоуправа од Македонија и од Албанија, како и потребата истата да се продлабочи на повеќе полиња.

Во таа насока беше потенцирана важноста од зголемување на соработката меѓу главните градови Скопје и Тирана, како и размената на искуства помеѓу двете соседни земји, информираат од Град Скопје.

 
 
27.10.2015 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега