Старец се застрела со пиштол во Тетово

Околу 7 часот утрово, педесет и тригодишната Е.Д. телефонски пријавила дека нејзиниот 80-годишен татко П.Д. бил повреден со огнено оружје.

 

Ранетиот старец со медицинско возило бил пренесен во тетовската клиничка болница, а потоа поради сериозноста на повредите итно бил префрлен на скопските клиники. По овластување на јавен обвинител, екипа на СВР-Тетово набрзо извршила увид, при што во станот на П.Д. на улица „Киро Ристовски-Дрнц“ во Тетово бил пронајден рачно изработен пиштол, калибар 7,65 милиметри, пет куршуми од истиот калибар и еден испукан патрон, како и други траги кои се подигнати и се дадени на вештачење. Од Е.Д. и од нејзиниот сопруг земени се парафински ракавици, а ќе бидат земени и од повредениот.

 
 
27.10.2015 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега