Бин Ладен живеел 9 години во Пакистан без никој да го забележи
Цели девет години Осама Бин Ладен успеал да живее незабележано во Пакистан. Ова се случило благодарение на изненадувачки ниското ниво на внимание и некомпетентност на речиси сите нивоа, се наведува во официјалниот владин извештај од страна на Комисијата задолжена да ги испита околностите на специјалната операција на САД во Пакистан во мај 2010 година, во која беше убиен Бин Ладен.
Според извештајот, нема докази дека сегашни или поранешни службени лица помагале при криењето на Бин Ладен, иако таквата можност не е целосно исклучена. Познати се малку информации за мрежата за поддршка со која располагал Бин Ладен во Пакистан и во странство.