Татко ја тепал ќерката со електричен кабел - вистински хорор се случувало во семејство во Тетово

Петнаесетгодишна малолетничка од тетовско Желино, вчеравечер околу 19 часот пријавила семејно насилство што претходно го извршил нејзиниот 37-годишен татко Б.А.

Кога се вратила од училиште, татко и започнал вербално да се расправа со неа, а потоа неколку пати ја удрил со шлаканици, по што зел електричен кабел и продолжил да ја удира со кабелот по грбот и нозете. Набрзо меѓу нив се вмешала бабата на девојчето и го прекинала удирањето.

Петнаесетгодишната малолетничка, попладнето излегла од дома за да го пријави случајот.Во присуство на социјален работник разговарано е со девојчето, а нешто подоцна повикан е и татко и, со кого, исто така, е разговарано и потоа е пуштен, додека девојчето предадено е на Центaрот за социјални работи.

Се расветлуваат сите поединости поврзани со пријавеното и ќе следува соодветен поднесок.

 
 
27.10.2015 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега