ВИДЕО: Торонто се дави во вода

 

Кризната ситуација во Торонто која ја предизвикаа поројните дождови, дополнително се влошува, јавуваат канадските медиуми.

Градските улици се под вода, додека на некои места нивото достигнува до два метри. Метрото не функционира, а стотици автомобили се поплавени на улиците. Властите упатија повик до граѓаните по можност да не излегуваат од своите домови.

Водената стихија остави илјадници луѓе заглавени во возовите до предградијата, додека спасувачките екипи работат на евакуација на патниците. На меѓународниот аеродром „Пирсон“ се одложени или откажани десетици летови.

Засега нема информации за повредени или загинати.

Над 300.000 луѓе во 2,6 милионскиот Торонто се без електрична енергија, јави локалната телевизија Си-Ти-Ви-Њуз.

Во градот Мисисога, кој е дел од „Големо Торонто“ со население од над 5 милиони лица, без електрична енергија се околу 700.000 луѓе.

најчитано сега