Паднаа трговци со оружје и дрога во Источна Македонија

Полициската станица од Радовиш поднесе кривични пријави против Д.С. од Штип и М.К. од Карбинци, бидејќи тргувале со оружје и продавале дрога.

Против Д.С.(35) од Штип е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични средства, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.04.2015 година, од страна на полициски службеници извршен е претрес на две локации во Радовиш сопственост на пријавениот при што се пронајдени 37 растенија, шест семки канабис, два куршума од автоматска пушка калибар 7,62 мм, два куршума калибар 7,9 мм и еден куршум калибар 8 мм.

Против  М.К.(57) од општина Карбинци е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено извработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 22.01.2015 година, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот при што се пронајдени и одземени три импровизирани пиштоли калибар 7,62 мм, дрвен кундак за пушка, боева муниција различен калибар 21 парче, ловечки патрони 14 парчиња, каписли 30 парчиња, куршуми калибар 7,62 три парчиња, еден малокалибарски куршум, зрна од боеви куршуми 25 парчиња, маневарски куршуми девет парчиња, чаури 13 парчиња, барут 62,9 грама, две цевки и друго.

 
 
27.10.2015 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега