Турчин набавувал дрога од казино во Струга

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.Х.(30) од Измир, Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

СВР Охрид соопшти дека на 25 август, по добиена согласност од сопственикот, извршен е претрес во стан во Струга што пријавениот привремено под закуп го користел. Во една од собите пронајдено било најлонско ќесе со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 2,81 грама. 

Пријавениот К.Х. кој е студент на еден Меѓународниот универзитет во Струга, опојната дрога ја набавил во казино во Струга.

 
 
27.10.2015 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега