Починал откако докторите му дале крв од погрешна крвна група

30 годишниот Владимир Видановиќ завчера починал во болница во Белград откако во август годинава лекарите му дале крвна плазма од погрешна крвна група.
По повеќе од 2 ипол  месеци агонија, неговото тело не успеало да се избори.
Неговите родители повеќе од еден месец не знаеле зошто состојбата на нивниот син се влошува од ден во ден. Ниту самиот Владимир не знаел зошто му станува се полошо. Кога кон средината на септември, во медиумите прочитале за случајот останале шокирани.
Лекарите кои го лечеле тврдат дека погрешната крвна група на крвната плазма не е причина за смртниот исход.

 
 
27.10.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега