Познат идентитетот на пијаните доктори од Гевгелија

Др. Томчо Ванчев и Др. Зоран Јовановски специјалисти по анестезиологија и реанимација добија отказ од работното место бидејќи пред 2 дена, во алкохолизирана состојба работеле како анестезиолози во болницата во Гевгелија кога почина родилка и нејзиното бебе. Информацијата до медиумите ја испрати ВД Директорот на ЈЗУ Општа болница Гевгелија.
Отказот за нив почнува да важи од вчера е донесен како дисциплинска мерка согласно членот 186 став 1 алинеа 13 и членот 26 став 2 од Законот за здравствена заштита по добиените анализи за присуство на алкохол во нивната крв.

 
 
27.10.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега