(ФОТО) Фотки кои некогаш можат да ви го спасат животот

36 годишната Џен Алтер од Сент Луис закачила фотка на Тумблр блогот под име „Pushing In the Pin“ фотографија која стана вирална преку ноќ. Под фотографијата на која се гледаат нејзините гради кпо третманот на радијацијата од 35 дена, таа напишала „Еве ви една јебе*а вест за рак на дојката“.

На прв поглед нејзините гади изгледаат дека се во прашање тешки изгореници на кожата, со оглед на тоа дека кожата и месото изгледаат испржено. Сликите настанале 2013 година, а таа морала да на нив се истакнат работи кои во текот на нејзината борба тиштиле.

„Ракот на дојката не е секси и не се работи за тоа да ги спасите градите. Туку во прашање е „no bra“ ден што е само изговор дека сакаат да постираат секси слики на кои нивните брадавици се надзираат низ маицата. Во прашање се болки, прегорена кожа и скршено срце. Ако ова не ве научи на „свест“ тогаш не знам што може да ве научи. Дали вас ова ви се чини да се чувствувате непријатно? И треба“, напишала таа.

Џен сега се наоѓа на ремисија, и истакна дека овде не се работи за градите туку за животот.

„Оваа болест е сексуализована со цел да се постигне свест и поради тоа јавноста е подготвена да ја игнорира бруталната и ружна вистина за ракот и неговото лечење“, изјавила таа.

Таа добила многу пораки за поддршка на блогот, дека е пресреќна што благодарение на некои луѓе поинаку размислуваат за оваа пеколна болест.

Некои слики би требало да ве поттикнат да одите на редовни прегледи на дојката и можеби да си го спасите животот. Фотографиите се на овој линк.

 
 
26.10.2015 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега