БиХ ќе ги санкционира порталите што шират радикализам

 

Властите на Босна и Херцеговина во рамки на борбата против тероризмот планираат да преземаат санкции кон интернет порталите кои пропагираат радикализам и користат јазик на омраза.

Ваквата мерка е утврдена со антитерористичката стратегија усвоена од страна на Советот на министри на БиХ и со неа се предвидува мониторинг на интернет страни кои поттикнуваат тероризам и радикализам во следните две години, пренесува МИА.

Со стратегијата се превидени и санкции за провајдерите на интернет страните и порталите за кои ќе биде оценето дека пропагираат радикализам, кои дури би можеле да вклучат и одземање на лиценците за работа. 

Босанскиот заменик-министер за безбедност Вјекослав Виковиќ изјави во тек се разговори за начините за имплементација на овој сегмент од стратегијата, додавајќи дека во БиХ постојат портали кои би се нашле на удар на оваа мерка.

- Ако го отворите „Патот на Хилафетот“, на пример, ќе видите агитација на вакви активности, изјави Вуковиќ, додавајќи дека овој сајт е само еден од неколкуте во БиХ за кои постои сомнеж дека се поврзани со џихадистичката група Исламска држава и кои отворено пропагираат дека муслиманите треба да заминат во џихад. 

Вуковиќ како пример ја посочи и интернет страната „Вести на Уметот“, која, како што рече, го оправдувала убиството на Хрватот, Томислав Салопек од страна на џихадистите во Египет во август годинава. 

 
 
26.10.2015 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега