Бугарскиот митрополит Кирил пронајден задавен
Бугарскиот митрополит Кирил е пронајден мртов на плажа крај месноста Тракија во Варна, јави софиската агенција „Фокус“.
Како што дознава агенцијата „Дарик“ владиката умрел откако го задавиле односно со насилна смрт.
Идентитетот на митрополитот Кирил треба да биде потврден по обдукцијата во мртовечницата на болницата „Света Марина“.