Европскиот суд ја осуди Турција за полициско насилство

 

Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на двајцата турски државјани кои ја тужеа Турција тврдејќи дека биле малтретирани од полицијата за време на демонстрациите на 1 мај 2006 година.

Судот пресудил дека Турција треба да им плати по 15.000 евра на секого за нанесена морална штета и 1.760 евра за расходи.

Зухал Субаш и Али Чобан тврдат дека додека учествувале во демонстрациите во Измир биле физички нападнати од полицајци, а турските власти не спровеле ефикасна истрага за случајот. 

најчитано сега