Србите ќе плаќаат повисоки сметки за струја - струјата поскапува за 10,9 отсто
Српскиот Танјуг пренесе дека електричната енергија во Србија ќе поскапи за 10,9 отсто.
Од Агенцијата за енергетика на Србија наведуваат дека може да се очекува струјата да поскапе од први август, бидејќи е потребно да поминат 15 дена откако народот ќе биде известен за поскапувањето.
Предлогот за поскапување на струјата претходело на интервенцијата на Агенцијата до „ЕПС снабдување", кое претходно барало тоа поскапување да биде уште поголемо, да се отстранат сите неоправдани трошоци од тоа барање за поскапување.
ФОТО: Утрински