ФОТО: Шок во куќата на „Големиот Брат"

Изненадувањата не престануваат во куќата на Големиот Брат. Таман кога помисливме дека куќата ќе остане се попразна, влегоа двајца нови станари. Првата е Јозефина од Хрватска која работи во Дом за стари лица. Убавата девојка некогаш професионално се занимавала со ракомет, а вели дека во куќата влегува за да се одмори сопругот од неа.

Второто изненадување, на кое особено му се израдува Мирјана, е вториот станар кој влезе во куќата. Се работи за Џорџе кој исто така бил ракометар на времето, но морал да се откаже поради повреда. Тој до сега три пати и побегнал на смртта и вели дека е сигурен дека Господ го сака по се што му се има случено. За себе вели дека е шармер и дека би прифатил да има секс пред камерите во куќата на Големиот Брат.

Инаку, од куќата на Големиот Брат синоќа си замина Бранџа.

 

 

Оцени ја веста

24.10.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега