Груевски трн во око на интересите на албанското лоби и Заев

Премиерот Никола Груевски им е „трн во око“ на СДСМ и опозициските аналитичари за темата каде се бранат интересите на албанското лоби во Македонија.

Од „Бихаќка“ не се бираат средства во битката за глас повеќе на изборите, па свесни дека кај Македонците немаат поддршка, почнаа да им ветуваат се и сешто на Албанците во земјава, колку и да се свесни дека тие ветувања нема да се реализираат.

Универзитетскиот професор Имер Исмаили на телевизија Телма посака лидерот на ДУИ да го бутне Груевски од власт и на тој начин да ја доживее најголемата победа по онаа, како што кажа, во 2001-ва година.

Водителот на дебатата, Чомовски, истакна дека Али Ахмети ги надвладеал лидерите Црвенковски, Бучковски и Костов, па праша дали тоа може да се случи и со премиерот Груевски.

-Ако му успева на господинот Ахмети ова, јас мислам дека убеден сум во тоа, дека после победата во 2001-ва година, тој да го симне од власт, легитимно и легално господинот Груевски, ќе биде втора најголема победа во неговата кариера и најголема победа за самите Албанци, рече Исмаили.

Ваквите интереси веќе одамна се топ тема и меѓу високото раководство на СДСМ. И самиот опозициски лидер Зоран Заев јавно ја брани тезата дека дечињата треба да учат албански јазик уште од градинка.

- Во градинките, основните и средните училишта...Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански, рече Заев во интервју за косовска телевизија.

Додоворувајќи им се на Албанците во Македонија, Заев им ветува дека кога ќе дојде на власт, албански јазик ќе учат Македонците уште во градинка и тоа како задолжителен предмет.

Заев во интервјуто говори и за некакво продлабочување на Охридскиот договор. Имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во целост, експертите сметаат дека се подразбира дека ова е всушност понуда за федерализација.

Ваквото очајно додворување на Заев кон албанскиот фактор е на штета на македонските граѓани. Заев не застанува тука туку оди и подалеку.Тој е подготвен да го продаде и идентитетот на Македонците само за да се додвори кон странскиот фактор. Тој вели дека не е важно што ќе пишува во Обединетите нации за идентитетот, а црвена линија треба да биде мултикултурализмот. 

СДСМ не остана само со овој став наменет за албанското лоби и ова не е единственото ветување кое им го даваат на Албанците само за да гласаат за нив. Партијата која е речиси цела деценија во опозиција, смета дека претседател на Македонија треба да биде Албанец.

Љубомир Фрчковски, во изјава исто така за Телма телевизија вели дека Албанец може да биде премиер кај нас.

-Тоа значи дека Албанец  би дошол на премиерското место циклусно на две години. Па? Што со тоа? Не може да биде Албанец премиер? Тоа забрането е?, истакна Фрковски.

Според познавачите, актуелизирањето на оваа тема од страна на Фрчкоски не е случајна, туку е во насока на создавање на тензии и отворање на теми од корпусот етнички прашања. 

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега