Викендов избегнувајте го мостот Гоце Делчев во Скопје

 

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во деновите од претстојниот викенд (24 и 25 октомври 2015 година) ќе изведуваат градежни работи за санација и замена на дилатационата фуга на мостот „Гоце Делчев“ (на страната што води од стоковната куќа „Мост“ кон зградата на Владата на Република Македонија).

Поради тоа, на дел од булеварот Гоце Делчев и на мостот „Гоце Делчев“ ќе се постави соодветна патна сигнализација и ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

 

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега