ВИДЕО: Фатена на дело - даночна инспекторка уапсена додека примала 1000 евра мито

Припадниците на Министерството за внатрешни работи ја уапсија К.М., даночен инспектор во Министерстовто за финансии - Даночната управа, Регионалното одделение Белград, филијалата Нов Белград 1, поради сомнение дека примила мито.

Се сомнева дека инспекторката при една теренска контрола на една фирма со средиште во Нов Белград, спроведена од 13 до 16 октомври годинава, во својство на службено лице, Даночна управа од Министерството за финансии, во своите службени простори од сопственикот побарала 1000 евра.

Во замена за тие пари, таа би изрекла одговарачки санкции за воочените неправилности во делувањето на фирмата која притоа ја венла во Записникот за извршена контрола.

Во приликата на контрола во кафаната и автопералната, затечени се двајца работници со кои не било заклучен договор за работното ангажирање, ниту се пријавени во надлежната организација на социјалното осигурување.

Примопредавањето на парите е извршено во вечерните часови на 21 октомври во една улица во Земен.

 
 
 
0:02 / 1:13
 
 

 

 

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега