За само 50 денари 20 минути уживање - ова е новиот хит во Скопје

Електромобилите и електротротинетите станаа хит- возила за разгледување на Скопје. Новите електромобили имаат ретро изглед и истите имаат по 4 места за седење, каде со едно полнење истите можат да поминат од 50 до 70 километри.

5000elektromobil-sk-2-640x3

Со возилото управуваат обучени лица кои имаат обврска да ги повозат заинтересираните низ центарот на градот, по кеј, кон паркот „Жена-борец“, односно да поминат покрај зданијата од „Скопје 2014“ во тој реон. Новите електромобили имаат ретро-изглед и капацитет за четири лица. Со едно полнење тие можат да поминат од 50 до 70 километри. Билетот чини 50 денари, а за возврат се добива дваесетминутна тура.

Покрај електромобилите, вкупно 7 на услуга, се изнајмуваат и пет електротротинети. За нив се плаќа 100 денари за час и единствен услов за изнајмување е лицето да не е помладо од 22 години.

Од „Градски паркинг“ објаснуваат дека тој што ќе го изнајми тротинетот не смее да се вози со него подалеку од строгиот центар. Исто така на сите заинтересирани за туристичко разгледување на градот на располагање им стојат и дополнителни 10 електровелосипеди кои се на услуга од лани, пишува порталот „Република“.

Возилата можат да се изнајмуваат на пунктот на „Градски паркинг“ на плоштадот „Македонија“. Од идната недела, наместо до 19 часот, возилата ќе се изнајмуваат до 17 часот.

Од ЈП „Градски паркинг“ велат дека не очекувале толкав интерес за новите ретро возила, додава „Република“.

 

 

Оцени ја веста

20.10.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега