Канцеларијата растурена компјутерот го нема - натрапници направиле хаос во гостиварскиот Здравствен дом

Засега непознати сторители го однеле компјутерот од канцеларијата на шефот на сметководство на ЈЗУ Здравствен дом-Гостивар.

Според СВР Тетово, минатиот викенд, натрапници го украле компјутерот од објектот во кој се сместени општите служби на оваа здравствена установа.

Случајот, вчера го пријавил Х.М. вработен во здравствениот дом, кога дошол на работа. По направениот увид било констатирано дека провалниците претурале по канцеларијата, по што незабележани заминале со компјутерот, што го користел шефот на сметководството.

Слична кражба, пред две години имаше и во градската општа болница, кога беше украден сеф со документи и помала количина на пари. Сторителите сé уште не се откриени. 

најчитано сега