Штотуку родено бебенце оставено пред Здравствен дом во Хрватска

Утринава некој оставил штотуку родено бебенце пред Здравствениот дом во Осиек. 

Бебето било пронајдено во 6 часот и 30 минути, пренесува Вечерни лист.

Се работи за бебенце со тежина од 1800 грама и должина од 44 сантиметри. Од здравствениот дом велат дека папочната врвца на бебето била неправилно пресечена.

Поради деликатноста на ситуацијата полицијата засега не сака ништо да открие.