Родители денес спортувајте со вашите деца во „Борис Трајковски“

Во спортската сала „Борис Трајковски“ денес од 12 до 14 часот за прв пат ќе се одржи манифестацијата „Спортски игри и семејните вредности“ во организација на Агенцијата за млади и спорт, Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и Сојузот на спортски федерации на Македонија.

Целта на овој настан е преку спортот да се зајакнат семејните врски, дечињата повеќе време да поминат со своите родители и да спортуваат заеднички.

На настанот на кој ќе присуствуваат и неколку познати македонски репрезентативци со своите семејства ќе бидат организирани наменски игри со натпреварувачки карактер со цел да можат децата и родителите да уживаат, да се забавуваат, да го јакнат спортскиот дух на семејно ниво во аренара во која деновиве беше промовирана новата монтажно-демонтажна поставка за поделба на салата во 3 помали терени.

Организаторите ветуваат многу забава, игри, дружење и награди, а целокупниот настан ќе го води познатиот детски водител Ивце Пивце со веселата дружина. Родителите и дечињата ќе имаат можност во повеќе од 20 друштвени игри да си ги одмерат силите и да се дружат со наши познати спортисти.

Родители, не пропуштајте да поминете весели и среќни два часа со своите најмили играјќи фудбал или ракомет, куглање со топка за ритмичка гимнастика, хокеј во сала, носење фудбалска топка на пинг-понг рекет, карате, тенис, скокање во вреќи, вртење хула-хоп, влечење со јаже и уште многу други игри.

Влезот е слободен.

 

 

Оцени ја веста

18.10.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега