Херој: Куче спасило 13-годишно девојче од силување

 

Тринаесетгодишното девојче Меган Џоунс треба вечно да му биде благодарно на своето кученце Миди бидејќи ја спасило од маж кој сакал да ја силува.

Меган излегла на прошетка со своето куче, а додека шетала одеднаш се појавил маж кој ја удрил за да ја собори на земјата, но не успеал да ја силува бидејќи Миди веднаш притрчала, почнала силно да лае и да го гриза насилникот по нозете за нејзината пријателка да има време да побегне додека тој се справува со кучето.

Среќа, напаѓачот се исплашил од кучето па избегал веднаш од местото на настанот. 

Девојчето немало повреди од падот, но сепак претрпело голем страв, но за среќа се се завршило добро благодарение на нејзиното кученце.

- Не можам ни да замислам што ќе се случеше ако Миди не беше со моето девојче. Нашето кутре е херој, вели мајката на Меган.

- Ова беше многу лошо искуство. Сепак до себе имам верен другар кој секогаш е тука за мене и тоа ми помага да се смирам, вели девојчето.

Па, ова е само уште еден доказ дека кучето е најверен пријател на човекот.

 

најчитано сега