Јосиповиќ: Во интерес на сите е цела Југоисточна Европа да биде дел од ЕУ

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ изјави дека во интерес на сите е цела Југоисточна Европа да биде дел од ЕУ.

- Хрватска ќе се залага за политика на проширување на Унијата, а подготвена е да обезбеди техничка поддршка на Србија и на останатите земји од регионот, рече Јосиповиќ.

Говорејќи за судењето за воени злосторства во Хрватска, Јосиповиќ рече дека хрватските судови сега имаат исти критериуми за сите, но дека некогаш тоа правосудство било пристрасно.

- Имавме две фази - за време на војната и подоцна. Нашето правосудство беше пристрасно, бидејќи лесно се покренуваа постапки против српски формации, а имало и претпазливост во случајот на постапките против хрватските единици, рече Јосиповиќ.

 

најчитано сега