Неискусен пилот го слетувал боингот во Сан Франциско
Пилотот на Боингот 777 кој се урна на аеродромот во Сан Франциско при што животот го загубија две лица, бил неискусен.
Всушност пилотот кој управувал со авионот имал скоро 10.000 часови лет, но за управување на авион од овој тип, поминал само 43 часа.
Истрагата е во тек а засега е премногу рано да се погодува и бара причината за несреќата. Сепак, истражувачите велат дека боингот летал многу бавно и ниско.
Инаку, во несреќата животот го загубија две тинејџерки, од кои едната била прегазена од минувачите.