„Блиц“: Артемије за милион евра ги преплатил работите на црквите и манастирите во Косово

Рашко-призренската епархија, во времето додека со неа управуваше пензионираниот владика Артемије, ги преплатила градежните работи на повеќе цркви и манастири на Косово за повеќе од милион евра, пишува Блиц според резултатите од вештачењето на Комисијата што ја одредил Вишиот суд во Белград.

Српската православна црква според заклучоците преку епархијата како нарачател и инвеститор, на изведувачот на работите на Епархискиот центар „Раде Неимар“ исплатила 2,05 милиони евра, иако проценатата вредност на извршените работи и услуги е 1,01 милиони евра.

Комисијата вештаци се занимавала со проценка на вредноста на работите од 2004 до 2010 година врз 17 објекти - цркви и манастири во рамки на Рашко-призренската епархија. 

најчитано сега