Гореше знамето на САД во Боливија

 

Демонстранти вчера учествуваа во протести пред Амбасадата на САД во боливиската престолнина Ла Паз и во знак на револт го запалија знамето на САД.

Освен знамето на САД беа запалени и знамињата на неколку европски држави.

Демонстрантите се определуваат како приврзаници на претседателот Ево Моралес, на чиј авион минатата седмица беше откажан пристап до воздушното пространство на неколку европски земји.

најчитано сега