Идната година парламентарни избори во Египет
Привремениот претседател на Египет,Адли Мансур го претстави планот за промена на нацрт-Уставот и спроведување референдум.
Тој исто така ја навести и можноста за организирање парламентарни избори во земјата,на почетокот од идната година.
Нацрт на Уставот претходно го подготвија исламистите, кои по интервенцијата на египетската армија, беа тргнати од власта,заедно со доскорешниот исламистички претседател Мохамед Морси, кој на таа функцијата беше само една година. Планот на Мансур,поранешен претседател на Уставниот суд,предвдува отворање на јавна расправа околу новата верзија на египетскиот Устав,што би требало да почне во идните две недели.
Муслиманското братство и исламистичките партии кои бараат вракање на Морси на функцијата,засега не реагираа на проектот за транзиција на Египет и за воспоставување на демократијата во земјата.
Новите власти настојуваат да спречат нова ескалација на насилствата во Каиро и во другите градови,како и во што е можно пократок рок да определат нов премиер и да формираат привремена влада.
САД синока ги повикаа сите страни на египетската политичка сцена да покажат „максимална воздржаност„.Белата кука во меѓувреме соопшти дека Вашингтон нема намера да ја прекине воената помош за Египет и за неговата армија,затоа што тоа не е во интерес на САД.