Страшно: Наместо капки за очи и ставил лепило

Наместо да и помогне, за малку ќе ја осакател жената од Флорида, на која наместо капки за очи и ставил лепило.

Летром Гакдпс за американските медиуми изјави дека во левото око и влегло прашина, па замолила некој човек од нејзината чанта да земе капки за очи за да и помогне, но тој случајно го зел лепилото за вештачки нокти и и го ставил во окото.

„Кога почувствував печење, го затворив окото и почнав да вриштан, по што повикав итна помош“, рекла Гајдос.

Лепилото се исушило и и се залепил капакот. За среќа докторите брзо интервенирале, и дале антибиотици и крем за хемиски опекотини, па нејзиниот вид остана неоштетен.

 

 

Оцени ја веста

15.10.2015 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега