Зврлевски: Предвидените плати за тимот од специјалното обвинителство се мегаломански

Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски по одлуката на Советот на јавни обвинители да прифати седум од 14-те предложени имиња на Јанева изјави дека во тек е подготовка на иницијативата која наскоро ќе биде поднесена до Уставен суд, а додаде и дека предвидените плати за обвинителите од специјалното обвинителство се мегаломански.

 -Вчера имавме состанок на јавни обвинители, како повод на реакција беа наведените планови за високи плати. Тие се регулирани со закон, меѓутоа надоместоците кои јавните обвинители за организиран криминал не ги добиваат, а работат на предмети за терористи, наркокрартели и ИСИС. Доколку некој ги добие тие надоместоци, ние ќе побараме од Владата и ние да ги добиеме, најави тој.

Според него специјалното јавно обвинителство е политичко, додека јавните обвинителства се независни.

-Ако имате политички договор за некоја личност спротивно на сите правила и носење на закон спротивно на сите правила и барање избор спротивно на сите закони, тогаш сметам дека е тоа политичко обвинителство. Се гордеам што не сме политичко обвинителство, рече Зврлевски.

Тој посочи дека во тек е подготовка на иницијативата која наскоро ќе биде поднесена до Уставен суд. Според него актот е неуставен и донесен спротивно на законите на државата. 

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега