Битолското здружение на слепи лица со новоуредени простории

Здружението на слепи лица-Битола денеска ги промовирашен новоуредените простории на здружението што се наоѓаат во ЈУ Центар за социјални работи, односно населбата „Карпош“ во овој град.

Станува збор за донација од Битолските Лајонс и Лео клубови кои овозможија подобри услови за работа, истакна Стевче Костадиновски, претседател на Здружение на слепи лица-Битола.

- После подолг временски период добивме функционален и добро опремен простор, а комплетната поддршка и донација ја обезбедивме од Битолските Лајонс и Лео клубови. Посебно сум благодарен на младите леовци кои секој ден беа со нас, ни укажуваа што се треба да содржат новите простории и денес имаме нов дизајн и ново уредување кое финансиски беше поддржано од леовци кои пак средствата ги обезбедија од продажба на хуманитарни честитики во Битола, посочи Костадиновски.

Здружението на слепи лица-Битола има 220 членови и тие заедно со членовите на Лајонс и Лео клубовите од овој град утре ќе го одбележат 15. октомври - Меѓународниот ден на Белиот Стап. 

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега