Мисајловски и Костадиновски остварија средба со производителите на ориз во Чешиново Облешево

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, денеска имаа средби со оризопроизводителите во општина Чешиново Облешево, пренесе МИА.
 
Мисајловски и Костадиновски посетата на оризопроизводителите ја искористија за да се запознаат со состојбата на терен со поплавените оризови ниви полни со род, како и со излеаните речни корита на Кочанска  и Злетовска река.
 
- Бев информиран дека т.н.Бугарски канал кој служи за одводнување веќе попуштил и направил големи штети  на оризовите полиња, истакна Костадиновски и информира дека по согледаната состојба ќе ја информира Владата и Министерството за да се превземат соодветни решенија за обезбедување на механизација за завршување на жетвата и собирање на родот од полињата.
 
Министерот за транспорт и врски Мисајловски  по посетата на терен и со запознавање на фактичката состојба изјави дека ќе се обезбеди дополнителна механизација за земјоделците за да ја завршат својата работа во поле.
 
- Ги утврдивме критичните места што беше неопхопдно. Владата на општините од државата додели 700.000 литри нафта за чистење на каналите и речните корита, рече тој.
 
Градоначлалникот на општина Чешиново Облешево Костадин Личков, кој ги придружуваше министерот Мисајловски и заменик министерот Костадиновски на терен, истакна дека најкритична е состојбата со пукањето на Бугарскиот канал кај Спанчево и излеаните Кочанска река во Облешевско и Злетовска река кај село Уларци. Според него, голем дел од површините на кои не е собран родот од ориз се под вода.
 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега