Претставници од мали и средни претпријатија се обучуваат за маркетинг и финансирање на иновации
Претставници на околу 25 мали и средни претпријатија се обучуваат за менаџирање на иновациите, односно за маркетингот и финансирањето на иновациите, пренесе МИА.
Обуката се реализира во рамки на проектот „Aim Annovations“ кој е финансиран од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), а го спроведуваат Бренд плус од Австрија и Knowledge центарот од Скопје.
Со неа се очекува да се зголемуват вештините и знаењето на малите и на средните претпријатија во комерцијализацијата на нивните идеи на пазарот со цел да дојдат до успешен бизнис.
Обуката се реализира по направеното истражување за тоа какви се потребите на малите и на средните препријатија и кои се препреките на кои наидуваат при воведувањето на новите технологии.
- Кога се направи студијата, дизајниравме специфичен модул со цел да им се дадат знаења и обуки на претпријатијата во оној дел којшто им е најмногу потребен, така што денешната обука е дизајнирана врз постоечко истражување, изјави Андријана Богдановска-Ѓуровиќ од Knowgledge центарот.
Менаџерите ги оценуваат ваквите обуки како добра можност да ги збогатат своите знаења во оваа област.
- ИТК индустријата се развива со големо темпо и постојано има некои иновации. Ние ги следиме тие иновации како во поглед на новите технологии така и во поглед на новите процеси и затоа присутвото на вакви обуки за нас е многу важно за да го примениме знаењето во нашето понатамшно работење и да развиеме подобри производи во иднина, изјави Елена Јолевска од ИТ компанија која се занимава со креација на софтвер за избори.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа