Ја пронашле мртва во својот стан во Аеродром - силна смрдеа ја алармирала полицијата

58 годишна жена вечерва околу 20 часот била пронајдена мртва во својот стан на булеварот Јане Сандански. Како што дознава Press24 од полициски извори нејзиното тело било во фаза на распаѓање, а во полиција пријавиле соседите бидејќи од нејзиниот стан, во кој живеела сама се ширеа неподнослива смрдеа. 
Полицијата веднаш излегла на терен и утврдила дека станува збор за 58 годишната Ј.Н. При првичниот увид, констатирано е дека жената имала повреда на черепот. Истрагата треба да покаже, во какви околности настапила смртта. Дали жената сама се повредила во својот стан, или пак има основи за соменавње дека смртта настапила по насилен пат. 
Нејзиното тело е предадено за обдукција. Инфомрацијата за Press24 ја потврди и МВР

најчитано сега