Паркот во Истанбул повторно отворен за посетители

 

Денеска градоначалникот на Истанбул го отвори паркот Гези за граѓаните по неколкунеделните антивладини протести.

Сепак, демонстрантите соопштија дека уште вечерва ќе се соберат во паркот Гези и оти таму ќе разговараат за иднината на Турција.

Протестите започнаа поради плановите за сечење на дрвјата во паркот и изградба на објекти, но набрзо прераснаа во антивладини демонстрации и се проширија во повеќе градови во Турција. Во протестите четири лица загинаа, а околу 7.500 беа повредени. 

најчитано сега