„Волстрит џурнл Јуроп“: На Грција, Португалија и Кипар ќе им треба дополнителна финансиска помош

На Грција, Португалија и Кипар ќе им биде неопходна дополнителна финансиска помош и покрај тоа што добија од стабилизирачките програми на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд над 200 милијарди евра, објави денеска „Волстрит џурнл Јуроп“.

Весникот наведува дека ЕУ се соочува со проблем да изнајде дополнителни пари за економски најслабите земји-членки на еврозоната. На Лисабон годинава ќе му бидат неопходни 14 милијарди евра и уште 15 милијарди ерва во 2014 година, за да ги подмири долговите за веќе издадените државни обврзници, посочува „Волстрит џурнл Јуроп“.

ЕУ се сомнева и дека програмата за помош на Кипар од 10 милијарди ерва ќе биде доволна поради тоа што кипарската економија е во слободен пад. 

ФОТО: Денешен

најчитано сега