Шекеринска се сретна со Лорд Џорџ Фулкс

 

Заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска се сретна со Лорд Џорџ Фулкс, член на Комитетот за ЕУ и поранешен гувернер на Вестминстер фондацијата за демократија.

Од СДСМ информираат дека на средбата се зборувало за евроинтеграцискиот процес на Република Македонија и состојбите во регионот и ЕУ.

Во рамки на повеќедневната посета на Велика Британија, Шекеринска оствари средби во Министерството за надворешни работи, Лабуристичката партија и Социјалистичката интернационала. 

ФОТО: Плусинфо

најчитано сега