Скопска Дрисла ќе стане италијанската Белведере

Скопска Дрисла за три години треба да работи по стандардите на италијанската депонија Белведере. Во Дрисла ќе се носи отпадот, ќе се селектира, ќе се депонира и потоа ќе се произведува гас и алтернативни горива.

Скопскиот градонаначалник Коце Трајановски потсети дека во јануари годинава Град Скопје склучи договор со италијанската компанија FCL Ambientie со цел вршење концесиска дејност во траење од 35 години. Оваа комапнија треба да изврши санирање на постојната депонија Дрисла, отплинување на депонијата и да направи нови секции или ќелии во кои ќе биде депониран отпадот од кој понатаму ќе се произведува енергија. Ќе се изгради постројка за третирање градежен шут и компостара.

- Она што Град Скопје ќе го добие е 20 отсто од профитот во претпријатието Дрисла. Според студијата направена од страна на Светска банка и понудата на FCL Ambientie, се предвидува да има профит од околу 5 милиони евра годишно или околу 1 милион евра за Град Скопје. Втората погодност што е многу значајна е тоа што ќе го третираме отпадот од неговото собирање се до депонирањето, на еден современ и европски начин, изјави Трајановски по посетата на депонијата Белведере.

Доменико Ферацоли претседател на FCL Ambientie рече дека нивната цел е да се извезе еден нов модел на управување со отпад.

- Дрисла ќе биде претворена во еден еколошки парк. Скоро една третина од отпадот во Скопје ќе биде трансформиран во енергија што е доволно за да се употреби за работа на една цела фабрика, рече Ферацоли и додаде оти Дрисла ќе стане репер за цел Балкан.

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова објасни дека за изградба на нови постројки на депонијата Дрисла, МЖСПП направило кучни документи, Стратегијата за управување со отпад на Република Македонија 2009-2015 и Плановите за управување со отпад, како на државно така и на регионално ниво и Студијата за медицински отпад која, како што рече, придонесе да може да се реализира првиот клучен проект, постројката за медицински отпад кој исто така на регинално ниво ќе биде лоцирана на депонијата Дрисла.

- Дрисла ќе биде првата депонија која ќе врши интегрирано управување со отпад на територија на Балканот, каде сите сегменти ќе бидат на едно исто место што ќе заштедува ресурси, време и средства. Останатите депонии ќе ги реализираеме со концесионирање и со ИПА средства. Се прават плановите за североисточниот и источниот регион и таму дефинитвно ќе се знае која депониија ќе почне да се гради со средства од ЕУ, рече Лепиткова.

Вкупната инвестиција за тарансформирање на ЈП „Дрисла“ ќе изнесува околу 80 милиони евра, а вложувањето на средствата е планирано да се изврши во период од три до четири години.

ФОТО: МИА

најчитано сега