Експлозија на воз во Канада - 5 лица го загубија животот
Во Канада се случи вистинска трагедија откако товарен воз без машиновозач тргнал од неутврдени причини и потоа излетал од шини и експлодирал во местото Лак-Мегантик.
За жал во несреќата 5 лица го загубија животот додека 40 се водат како исчезнати.
Неколку вагони со нафта експлодирале. Во пожарот кој потоа избил во центарот на малиот град уништени се 30 куќи и евакуирани 1.000 луѓе.
Најверојатно експлодирале четири од 73 вагони.