Ужасно: Си го закопале бебето живо бидејќи било женско
Родители-монструми од Индија си го закопале живо своето бебенце старо само еден ден затоа што било женско, а тие сакале момче.
Тие го закопале бебето во шума, а локалните работници дотрчале откако слушнале плач по што биле изненадени од тоа што го гледаат. Во земјата до пола било закопано живо бебенце.
-Се мрдаше. Неверојатно е што преживеало со оглед на тоа колку е мало и беспомошно, вели еден од работниците кои го пронашле малото бебе.
Девојчето било веднаш пренесено во болница со крварење во носот, но за жал лекарите не можеле да ја спасат бидејќи умрело наредниот ден.