Затворен штабот на муслиманското братство во Египет
Египетските власти го затворија штабот на партијата Муслиманско братство.
Ова се случува откако денеска во канцеларија на партијата беше откриено оружје.
Полицијата откри во канцелариите на Партијата за слобода и правда, која е поврзана со Муслиманско братство „оружје и запалливи течности“, прецизира извор во изјава за западни медиуми.